Павле Богоевски вели дека и Шилегов е повикан „на мегдан“

Платформата #НаМегдан, го прозва и градоналникот на Скопје како
функционер на кој граѓаните му дале доверба да одговара за прашања кои се од суштествено значење.



Интересна не е „прозивката“ од граѓанската платформа која делува на Фејсбук, туку тоа што пратеникот „во оставка“, Павле Богоевски, ја споделува на социјалните мрежи.

Богоевски, да потсетиме, поднесе оставка како пратеник по објавуувањето на аудио-снимка од која се слуша како порачува купување на забранета супстанза, за кој тој вели дека било лек за близок роднина.

Пратеникот кој ја вршеше и функцијата претседател на парламентарната мандатно-имуунитетна Комисија, ја ковертираше својата оставка која ќе стапи на сила, според него, кога ќе му биде одземен мандатот на екс-премиерот Никола Груевски за што ќе се одлучува вво понеделник.

Останува нејасно, дали пратеникот со ре-постирање на писанието на #НаМегдан, испраќа некаква порака.

Инаку во текстот што го споделува Богоевски, се вели:

„Платформата #НаМегдан ќе продолжи да дејствува како граѓанска алатка за комуникација со надлежните институции и лица, каде заинтересираните ќе добијат директен одговор на клучните прашања.

Во текот на дебатата пред, но и по претседателските избори, стана очигледно дека проблемите со кои се соочуваат граѓаните се сложени и дека најчесто надлежноста за нивното решавање е поделена помеѓу различните институции на централно и на локално ниво. Улогата на локалната самоуправа во тие процеси често е само делумно претставена во јавноста и граѓаните немаат прилика да добијат доволно аргументирани информации за прашањата кои им се од големо значење во секојдневниот живот.

Во контекст на повикување човек, кој е директно е најчесто прозиван за прашања од локално значење за граѓаните, одлучивме да го повикаме #НаМегдан Градоначалникот на Град Скопје.

Доколку прифати, ќе утврдиме конкретен датум и место согласно неговата агенда.

Во меѓувреме, ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, кои би сакале прашањата да им бидат одговорени #НаМегдан од Градоначалникот Шилегов, да ги постават на платформите Facebook и Twitter , а своето прашање да го означат со #НаМегдан или #NëMejdan. Потоа, ние ќе ги собереме прашањата и ќе го повикаме Градоначалникот директно да ги одговори. Методологијата на собирање и поставување на прашањата останува иста како минатиот пат и потсетуваме дека нема да пренесуваме прашања кои содржат навредлив говор или говор на омраза, појаснуваат од граѓанската организација.

https://www.facebook.com/PavleBogoevski