Пауновски: Не сум добил никаков писмен допис од Влада

Откако синоќа од Владата соопштија дека директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски бил писмено известен за сите детали и информации во врска со оправданоста и начинот на распределбата на рамковно вработените и за тоа дека не ја почитува законската обврска, тој во изјава за Алсат вели дека немал добиено никакво укажување за неговото однесување.



„Немам добиено такво укажување“, рекол Пауновски за Алсат.

Пртемиерот Зоран Заев пред две дена изјави дека според владиниот етички кодекс, функционер се разрешува и ако тој јавно не се согласува со одредена владина одлука. Но, да дојде до негово разрешување, тоа треба да биде иницирано од вицепремиерот Љупчо Николовски, кој е одговорен за следење и спроведување на етичкиот кодекс, а не од премиерот.

Алсат М пишува дека владиниот етички кодекс му наложува на директорот да мора да ја одобри прераспределбата на административците, иако смета дека тие нема да ја вршат работата.

Но, Пауновски може да добие само парична казна, од 2.000 евра…