Продолжува потрагата по 30 годишниот Мартин кој исчезна во саботата во водите на Егејско Море на плажата Мити во Посеиди, Халкидики.



По молбите од Скопје, потрагата по момчето на Халкидики ќе продолжи и денес иако заврши законскиот рок од 72 часови. Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, го уверил својот колега од Македонија, Бујар Османи, дека потрагата продолжува.

Според пишувањето на грчки Voria.gr, по Мартин денес ќе се трага со помош на воздушен дрон и куче трагач.

Мајка ми, нашето семејство и пријателите сè уште веруваат и се надеваат дека Мартин е жив“, вели братот на Мартин кој повика да продолжи истрагата.