Пасошите ќе стигнат за една недела

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. најави дека кризата со издавањетоо на пасошите е при крај.



„Согласно договорот, пасошите треба да стигнат на 24 март. Во постојана комуникација сме и вршиме притисок до германската фирма ‘Веридос’ која ги обезбедува пасошите и од нив имаме одредено ветување дека пасошите би требало да стигнат од 7 до 10 дена, согласно договорот, што значи пред 24 март“, истакна Чулев.

Од германската фирма треба да бидат испорачани 100.000 пасоши.