Археологот Паско Кузман кој беше близок соработник на екс премиерот Никола Груевски а лежеше во затвор за археолошки злоупотреби за сдк.мк тврди дека знае каде е гробот на Александар Велики.
„Во една прилика, кога ме прашаа зошто не кажувам ако знам каде се наоѓа гробот на Александар Македонски, одговорив дека ако тоа го направам ќе започне Трета светска војна. Јас дури стравувам за натамошниот развој на човештвото ако се дознае вистината за местото каде е погребан Александар. Тоа ќе биде нешто слично на откривањето на гробот на Исус Христос”, вели Кузман.
Грција тврди дека Александар Велики е дел од грчката национална историја и дека Македонија нема право да тврди дека има било кавжква врска со Македонците.
Целата опширна сторија на сдк.мк на овој ЛИНК




