Партиските војници треба да се плашат – 56 нови институции се отвориле за да се вдомат сите

За секој заслужен партиски војник на СДСМ и ДУИ имаме новоформирана институција, по изборите следи драматична трансформација на општеството во сите области , најави Дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Стефан Андоновски во интервју за Курир.



Дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација, смета дека со трансформација и реорганизација на институциите може да се постигне подобар ефект отколку одново да се создава нова институција. Тој обзнани и  афера во која откри дека за 6 години власта создала 56 нови институции.

Во 2017 година сме имале 1299 институции, за денес во 2024 година да имаме повеќе од 1360, што значи дека бројката што ја кажав најверојатно е и поголема. Само за една година, 2023/2024 година формирани се 18 нови институции. Но, луѓето не добиваат поквалитетни услуги, напротив бројот на директории, на одбори е зголемен, а вработените остануваат оние кои што се. Ако сите анализи на странски и домашни експерти покажуваат дека во Македонија треба да има околу 12 инспекторати, во моментов ние имаме 29 инспекторати… Вакви институции се измислуваат постојано, односно за секој заслужен партиски војник на СДСМ и ДУИ ние имаме нова институција која се формира за човекот да може да стане директор и да зема висока плата. Сметам дека со постоечките институции и нивна реорганизација можеме да постигнеме подобар ефект отколку одново да создаваме нова институција – истакнува Андоновски.

Дополнителниот заменски министер ја отвори и темата за партиските вработувања во јавната администрација.

 Од податоците кои се до сега систематизирани, во моментов се отворени над 2.800 позиции и работни места. Тоа е проблематично бидејќи тоа е направено со одлука на Владата, која одлучува дека ќе ги трансформира луѓето кои биле ангажирани на определено време или договор на дело во неопределено, но тоа не го прави со закон, туку го прави на Јавен повик. Практично има јавни повици на кои аплицираат луѓе кои веќе се знае дека ќе бидат примени, што значи дека ниту еден друг граѓанин нема шанси да учествува во тој компетитивен процес. Дел од овие постапки се комплетно незаконски и до сега стигнавме до еден сериозен податок, за ова пишуваа и дел од медиумите, но сега веќе имаме и документи – истакнува Андоновски.

Тој го обелодени и скандалот со незаконските вработувања во ЈП Паркови и зеленило – Скопје, без согласност на основачот, кое е законска обврска.

https://www.facebook.com/share/r5cZZjuNNMvQvrUQ/?mibextid=WC7FNe