Партиски ботови во страв се закануваат, сајбер експерт најави дека ќе им го открие идентитетот

Сајбер експертот Сенад Аруч кој е од Гостивар а работи во Холандија почна да објавува идентитет на таканаречени партиски ботови кои скриени зад тајни профили навредуваат и наоаѓаат луѓе на социјалните мрежи.



Аруч веќе објави вистинско име и презиме на еден профил познат како @sendvichsovegeta за кого тврди дека е лицето
Nikoloski Aleksandar
nikoloskialeksandar@gmail.xxx
facebook.com/NikoloskiAleks……

Сајбер експертот вели дека сите што Николовски ги нападнал или навредил сега можат да го тужат.

По откривањето на неговиот вистински идентитет Николовски го затворил својот профил на Фејсбук.

По најавата дека следни ботови на кои ќе им го открие идентитетот се :
@satelite_chris, @MaximOvertroll и @grof_Zarkoff Аруч доби закани со затвор.

Во една од заканите се вели дека предходно кога судијата Владимир Панчевски се обидел да се пресмета со еден бот на СДСМ завршил во затвор.

И по заканите Аруч најавува дека не се повлекува и дека ќе ги открие сите ,,куртони” кои се закачиле со погрешен #cyberexpert.

Тројца од четирите ботови кои ги споменува Аруч се на листата на твитерџии кои водат пропаганда во одбрана на СДСМ а ја напаѓаат опозицијата но сајбер експертот вели дека ќе ги открие сите што напаѓаат без разлика на партиската афилијација.

Аруч на социјалните мрежи е познат како човек кој подеднакво ги критикува и власта и опозицијата.