Партиски триумфализам за џабе – премиер од ДУИ ништо нема да смени кај албанското население

Сефер Селими во емисијата 24 анализа рече дека изборот за премиер Албанец е изум на ДУИ кој нема да смени ништо за Албанците, туку ќе биде само симболичен момент, кој би требало да премине во позитивен тренд.



– Велам  дека треба да ја храни позивитинвната и добра амбиција на Албанците дека тие се дел од државата и таа институција не е ексклузивна само за некој е Македонец или доаѓа од партија која ги претставува Македонците. СДСМ имаше и пританици и коалиција со Албанците, но овој момент ексклузивно како ДУИ како претставник на поголемиот дел на албанската заедница си прави симболичен момент. Не е во ред тој партиски триумфализам, со кој голем дел од Албанците ги направи да не го чувствуваат како заедничка победа на интеграција во Македонија, туку го претвори во партиска пропаганда која ќе треба да и служи на ДУИ на следните избори – рече Селими.