Во општина Прилеп се разгоруваат страстите пред локалните избори.
Последниот пример е оној каде на социјалната мрежа Фејсбук, на многу невкусен начин, Крсте Дукоски член на СДСМ и шофер на актуелниот градоначалник на Прилеп, лично на сопственикот Чупетрески му се закани со рушење со багер на неговата бензиска пумпа “БМ Петрол – Црна Река”, која се наоѓа кај автобуската станица.
Според достапните информации од општината, пред неколку дена во Прилеп почнаа да се собираат потписи за независната листа на советници, чија парола е “Че вреди”, а високо на оваа листа се наоѓа и името на газдата на бензиската Борче Чупетрески, кој изминативе 5 години според неговите објави бил сериозен подржувач и финансиер кампањите на владеачката СДСМ.
Но, откако решил да настапи како кандидат за советник на независна листа, заедно и со други прилепчани разочарани од општинската власт, јавните притисоци врз Чупетрески стануваат се повидливи.
Чупетрески сепак не му одмолчи на шоферот на градоначалникот на Прилеп и во реплика му порачува “ајде Крсте дојди руши ја, само побрзај дур сте на власт, оти после ќе биде касно”.
(ФОТО извор ФБ)

Најчитана вест






