По неколкумесечни несогласувања и препукувања пред јавноста, домашната политичка сцена доби нова фракција. Доскорешните „одметници“ од Демократската Унија за интеграција и официјално најавија дека ќе дејствуваат како фракција во партијата. Дека партискиот статут не дозволува фракционерско дејствување ги потсети лидерот на партијата Али Ахмети и порача дека секоја постапка надвор од Статутот е всушност анархија, пишува Радио Слободна Европа.
Иако во моментов фракции не се дозволени, Ахмети изјави дека не се зборувало за исклучување на членови од партијата кои се определиле да дејствуваат фракционерски.
Линк до целата анализа.







