Во соопштение за јавноста насочено кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, владејачката партија СДСМ, која ја преименува македонската држава спротивно на волјата на народот изразена со бојкотот на пропаднатиот референдум за името од 30 септември 2018 година, го обвини лидерот на опозицијата за предавство?!
„Предвремени избори нема да има. Мицкоски во 2024 година го очекува 7-от и 8-от последователен пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавните лелекања на Мицкоски, ниту пак неговите фабрикувани лаги за ново мнозинство, не можат да ги спречат реоформите ниту напредокот на земјата.
Членството во ЕУ со признаен македонски јазик и идентитет е врв на патриотизам и исполнување на стратешка цел поставена од независноста.
Предавство е да се лаже својот народ, да се блокира европскиот пат и признавањето на македонскиот јазик и идентитет во големото семејство на европски народи.
Мицкоски останува заложник на Апасиев и во сенка на Груевски, го лаже народот дури и на Божик“, велат од СДСМ.






