Партијата на власт СДСМ се пофали дека е инвеститор во земјоделско производство

Во соопштение од партискиот штаб владеачката партија се пофали дека инвестира во земјоделско производство.



Од каде се парите за инвестиции на СДСМ во земјоделие во соопштението од Бихаќка не се открива.

Во соопштението никаде не се наведува дека всушност парите за кои зборува СДСМ ги дава владата а не партијата и тие доаѓаат од буџетот кој го полнат граѓаните.

Целото соопштение:

СДСМ и во време на светска економска и енергетска криза, води континуирана грижа за земјоделците и инвестира во домашното земјоделско производство.

Целосно се исплатени субвенциите за тутунот од реколтата од 2021 година, исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари.

Веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во законот за земјоделство и рурален развој, над 20 милиони евра легнаа на сметките на 17.000 тутунопроизводители.

Со измените на Законот за земјоделство и рурален развој од оваа година за првпат започнува авансна исплата на субвенциите, што е особено важно во време на глобална економска криза.

СДСМ со низа мерки ги помага земјоделците и го поттикнува земјоделството производство, а ВМРО-ДПМНЕ со блокади и политички игри нанесува директна штета на земјоделците.