Во бугарскиот парламент на 20 јули беше поднесена декларација која треба да потврди дека Илинденското, односно илинденско-преображенско востание е бугарско.
Се очекува оваа декларација да биде усвоена во следните денови во прессрет на 120 години од Илинденското востание.
Декларацијата ја поднесе партијата „Продолжуваме со промените“ (ПП) на поранешниот премиер Кирил Петков.
Во образложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“.
Пратеникот на ПП-ДБ Христо Даскалов потсети на историските настани и изјави:
„Сеќавањето на подвигот е живо и мора да се сеќаваме на нивната жртва и да ја заштитиме Бугарија како што заповедаа хероите од Илинден, Преображение и Крстовден 1903 година“.
Тома Биков од ГЕРБ-СДС истакна дека годишнината стана поле за дискусија и сега треба да донесеме заклучок како да се надмине траумата од неуспехот на бугарската идеја.
„Бугарската национална идеја денес има нова димензија и многу е јасно, имено дека Бугарија и Република Северна Македонија, по 200 години одвоеност, треба да бидат дел од една геополитичка и една цивилизациска зона“, пренесоа медиуми.
Споменатиот екс-премиер Кирил Петков на првата средба во Скопје со Ковачевски рече дека историјата ќе ја остават на страна и оти ќе се посветат на економијата, потсетува Денешен.








