Орбан останува на власт во Романија?

Романскиот десноцентристички премиер Лудовиќ Орбан се чини ќе остане на власт по тесните избори во неделата и историски слабиот одoutив среде пандемијата, покажуваат излезните анкети.



„Веруваме дека победивме на изборите и очекуваме конечните резултати да го покажат ова“, рече Орбан синоќа по затворањето на избирачките места, повикувајќи на почеток на преговорите за коалиција „што е можно побрзо“.

Вчера во Романија се одржаа парламентарни избори на кои 18 милиони граѓани имаа право на глас.

Но на гласање излегле само 31,84 проценти од гласачите – најнизок одѕив од падот на комунизмот во 1989 година.

Според анкетата спроведена од „Инсомар“, нартијата ПНЛ ма Орбан води со 32 проценти од гласовите, додека социјалдемократите ПСД освоиле 28 проценти.

Друга анкета, говори за поинаков исход: дека ПСД освоил 30,5 проценти од гласовите, а ПНЛ 29 проценти.

Орбан истакнал дека морален победник е неговата партија, но тој исто така ќе биде победник на крајот од процесот на пребројување на гласовите.