По информацијата на БГНЕС дека „српскиот парламент ги прогласил Бугарите за Срби“, реагира поартијата ВМРО-БНД на Каракачанов.
„Ова е уште една тотално неприфатлива ситуација, која доаѓаод нашиот западен сосед, имено дека Бугарите се Срби. Коментарот не доаѓа од обичен човек на социјална мрежа, туку од Милорад Вукашиновиќ, заменик-претседател на Советот за регулирање на електронските медиуми во Србија (пандан на бугарскиот совет за електронски медиуми)“, велат од партијата.
„Провокативниот коментар се дава со очигледна намера“ велат од партијата за да се докаже дека постоела некаква посебна шопска националност поблиска до српската отколку до бугарската, а целта е да се докаже дека „Бугари и бугарски јазик не постојат“.
„Па, ако сакаме да се вратиме во историјата, можеме и ние. Но, Србија не сака да се врати во историјата, туку да влезе во Европската унија. Ваквите изјави на Вукашиновиќ нема да помогнат.
Време е Бугарија јасно да ги претстави своите услови на европскиот пат на Србија. Доколку Белград воопшто оди по европски пат“, нагласуваат од ВМРО-БНД.
ВМРО го повикува бугарското МНР на реакција – бидејќи во овој случај очигледно се работи за низа изјави на официјален претставник. Во исто време, претставник чија работа е да го набљудува медиумското опкружување, информации и култура.БГНЕС






