Партијата на Каракачанов нема шанси на следните избори


Популарноста на актуелниот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов е под прагот од 4% неопходни за влез во составот на идното Националното собрание на Бугарија, покажува истражување на агенцијата „Алфа Рисрч“.



Партии кои сигурно би влегле во идниот бугарски парламент по изборите во март се

1.ГЕРБ, на премиерот Бојко Борисов – 24,3% проценти,
2.БСП на Корнелија Нинова – 21,9%
3.„Постојат такви луѓе“ на ТВ водителот Слави Трифонов – 10,2%
4.ДПС на Мустафа Карадај и Ахмед Доган – 7,2%
5.„Демократична Бугарија” на Атанас Атанасов , –  6,1%
6.„Исправи се.БГ“ на Маја Манолова – 4,9%

Медиуми сметаат дека причината за непопуларноста на Кракачанов и неговата партија ВМРО е поради тоа што тој е постојано присутен во медиумите и досега имаше повеќе медиумиски настапи од останатите шест лидери заедно.