Партијата на Ѓукановиќ изгуби во неговиот роден град, но тој не „избегал“

Демократската партија на социјалистите категорично ги демантираше информациите на српските таблоиди дека претседателот Мило Ѓукановиќ ја напуштил Црна Гора.



„Уште една мизерна рециклирана лага“, објави ДПС.
Партиите што го сочинуваат новото парламентарно мнозинство на национално ниво водат на локалните избори во Никшиќ, родниот град на Ѓукановиќ, по обработени 50 % од гласачките ливчиња.

Локалните избори се прва проверка на рејтингот на политичките сили, откако Демократската партија социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ ја изгуби власта на парламентарните избори минатото лето.