ВМРО-Народна партија, која се декларира како партија која во своите редови има голем број на членови кои покрај тоа што поседуваат бугарско државјанство, се изјаснуваат и како македонски Бугари, смета дека ставањето вето на европската перспектива на Македонија ги загрозува македонските Бугари.
„Додека трае овој спор ниту еден македонски граѓанин што поседува бугарски пасош, кој се декларира за македонски Бугарин или пак едноставно декларирал пријателство кон Бугарија, нема кажано никаков позитивен збор за бугарското вето, напротив сите тие се чувствуваат загрозени дека оваа кратковида политика која што доаѓа од Бугарија ја загрозува иднината на нивните семејства и нивните блиски“, соопшти партијата.





