Спореед непотврдени податоци, партијата „Брегзис“ на евроскептичниот политичар Најџел Фараж, најверојатно, ќе освои најмногу гласови меѓу британските партии на изборите за Европскиот парламент што се одржаа во четвртокот.
Анализата на „Дејли телеграф“покажува дека на првото место е Евроскептичката партија со 33 отсто освоени гласови што обезбедуваат 29 од 73 места резервирани за Британика во идниот состав на Европскиот парламент.
Далеку позади е Лабуристичката партија, која добила 18,5 %, а на трето место се либералдемократите се 16,8 проценти.
Екстремно слаби резултати наводно, освоила владејачката Конзервативната партија, која ја поддржуваат само 11,8 отсто од гласачите, пренесуваат медиуми.
Официјалните резултати се очекуваат вечерва.





