ГЕРБ-СДС ја потврди првата позиција со 25,7 отсто од гласачите, додека јавната поддршка за „Продолжуваме со промената“ продолжи да паѓа, достигнувајќи 16,4 отсто во неделата пред третите по ред предвремени парламентарни избори во Бугарија, покажуваат последните анкети.
„Преродба“ забележа силен финален спринт, при што партијата се искачи на третата позиција со 13,9 отсто поддршка од гласачите.
Следи ДПС со 11,9 отсто од гласачите.
8,7% од гласачите се изјаснуваат дека ќе гласаат за БСП, а 7,6% за „Демократска Бугарија“.
„Има таков народ“ и „Бугарски подем“ остануваат блиску до парламентарната бариера, но сепак над неа, со резултати од 4,4, односно 4,2 отсто од гласачите.
Според анкетите, во идното бугарско народно собрание ќе има меѓу 6 и 8 партии, што пак одново ќе биде комплицирано за состав на стабилна влада.







