Партијата на Борисов подготвена да направи малцинска влада

ГЕРБ сè уште гледа потенцијал во составот на новото 48-то Национално собрание да создаде редовна влада.



„Ако се водиме од разумот и интересите на народот“ – вели претседателката на парламентарната група на ГЕРБ Десислава Атанасова за БТВ.

Но, сппоред неа, една од можните опции е малцински кабинет на ГЕРБ.

Малцинска влада на ГЕРБ е „единствената можна опција ако сите одбијат да разговараат“. Оваа опција би ја исполнила нивната заложба кон гласачите. ГЕРБ би поставил тим кој ќе ја докаже својата стручност.