Ако резултатите се исти како тие што ги даваат агенциите, тогаш ќе ставам поинаков кандидат за премиер, надвор од ГЕРБ, изјави поранешниот премиер и лидерот на бугарската ГЕРБ која на два дена пред парлементарните избори во Бугарија односво се котира најдобро.
Разликата е 8-9% помеѓу ГЕРБ и „второпласираната“ БСП од чии редови е актуелниот и кандидат за иден претседател на земјата, Руман Радев“.
Во недела во Бугарија истовремено се одржуваат парламентарни избори, по кои, по трет пат ќе се направи обид за составување политичка влада.
ГЕРБ-УДФ ја задржува лидерската позиција со поддршка од 24,1% од оние кои цврсто одлучија да гласаат, зголемувајќи ја разликата со нивните директни противници од БСП, покажуваат анкетите.
Втората позиција останува најспорна. Во директна конкуренција за неа се „Продолжуваме со промената“ и БСП.
Исходот од оваа битка ќе биде одлучен и од способноста на двете партии да ги мобилизираат своите поддржувачи да сторат нешто против водечката партија на Борисов.
Според анкетата на „Алфа рисрч“, „Демократска Бугарија“, „Има таков народ“ и БСП се другите три партии кои сигурно ќе влезат во следниот парламент.
Најголем пад на популарноста има „анти статус-кво) партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов, која беше речиси сигурна дка ќе ја предводи Бугарија по јунските избори.
Поддршката за партијата на Трифонов сега е падната на 9,9%.
Од аспект на бугарско-македонскиот спор станува дилемна дали до Самитот на ЕУ во декември, Бугарија ќе добие нова политичка влада која ќе има мандат за „одблокирање“ на процесот а пристапување на Македонија кон ЕУ…







