Опозициската партија на екс-премиерот Бојкот Борисов, ГЕРБ, од денеска почнува со активност за изнудување предвремени избори и смена на кабинетот на Петков.
Со извици „Оставка“, „Црвени ѓубриња“ и свирежи под прозорците наВалдата, поддржувачите, соработниците и членовите на ГЕРБ го бранеа својот лидер Бојко Борисов по неговото апсење вчера.
Пред Министерскиот совет рано изутрината се собраа околу 150 луѓе, а по почетокот на седницата во Националното собрание им се придружи целата пратеничка група на ГЕРБ.
Поранешниот заменик министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ГЕРБ, Георг Георгиев, за новинарите изјави дека нема нормално објаснување за ситуацијата. Ова е политички прогон, репресија со цел да го пренасочи вниманието на јавноста и да ја префрли владината одговорност од важни прашања,
Пратеничката група на ГЕРБ од денеска секојдневно ќе работи на испровоцирање на предвремени парламентарни избори за нормализирање на политичката ситуација во земјата и против актуелната власт која ја доведе Бугарија во ваква ситуација, изјави од собраниската говорница Даниел Митов од ГЕРБ.
„Ударот ќе ја стегне и мобилизира опозицијата, ГЕРБ повикува на протест на сите бугарски граѓани да бидат обединети“, додаде тој.
„Стравот од губење на власта е силен мотиватор, кој се материјализира преку насилство преку репресивниот апарат на државата, пристап својствен за комунистите и фашистите. Направен е обид за атентат против бугарската демократија“.
… „По претресите во домовите на поранешниот премиер и луѓето од неговиот кабинет – без адвокат, без обвинувања, ова би не претворило во земја од Третиот свет… Само Гестапо е среќен…“, рече пратеникот на ГЕРБ.
Според него, МВР ги злоупотребува функциите на обвинителството. Лагата за апсењето ќе се разоткрие, довербата ќе се поништи, владата ќе биде пречекана со недоверба, сметаат од ГЕРБ.







