Партијата на Бојко Борисов чека предвремени избори

Предвремени парламентарни избори дефинитивно ќе има, тоа е само прашање на време, порачуваат од партијата ГЕРБ на екс-премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.



Последната анкета за популарноста на бугарските политичари покажа дека бугарските граѓани имаат поголема доверба во екс-премиерот Бојко Борисов отколку во актуелниот Кирил Петков.

Поранешната министерка за социјала, а сега пратеничка од ГЕРБ на Борисов, Деница Сачева, вели дека не исклучува овие предвремени избори да се одржат пред крајот на оваа година, а целта на ГЕРБ е повторно да покаже дека тие се вистинската алтернатива за управување со државата.

Според неа, дали треба да има или не, гласање за недоверба на владата, треба да одлучат бугарските граѓани.

„Треба да биде јасно дека оваа влада, во оваа форма, никако не и помага на Бугарија. Според неа, ГЕРБ/ДПС постојано се обидува да дава конструктивни предлози.

„Друго прашање е дали владата сака да слуша. Начинот на кој ќе се вратиме во владата зависи од предвремените избори. Докажавме дека можеме подобро да владееме“, рече Сачева.