Партијата на Албин Курти стана партнер на Европскиот сојуз за промени

Претседателот на Демократското движење Изет Меџити на отворањето на заедничките канцеларии на Европски сојуз за промени, информираше дека на опозициските партии на Албанците од денеска им се приклучува уште една партија, а тоа е Движењето Самоопределување.



Според Меџити, изборната програма сега се работи заедно, канцелариите се заеднички, кампањата ќе биде заедничка и на изборните листи на оваа коалиција ќе има претставници на Самоопределување.

Советникот на косовскиот премиер Албин Курти за Северна Македонија, Беким Ќоку, потврди дека Движењето Самоопределување ќе биде четвртиот столб на опозициските партии на Албанците.

Ќоку ги повика претставниците на Алијансата за Албанците да им се приклучат на опозициските партии на Албанците и додаде дека како поранешен член на Алијанса за Албанците „го познава опозицискиот дух“ на оваа партија.