Генералниот секретар и еден од најмоќните луѓе во СДСМ Миле Зечевиќ тврди дека не сака да се слика а во исто време прес службата на партијата што ја води објавува премногу негови слики за кратко време.
За само 139 минути на веб сајтот на СДСМ се објавени шест текстови со негови фотографии а дури во насловот на еден од нив Зечевиќ порачува дека бил работник на терен, не сакал да се слика и да се појавува во јавноста.

,,Јас не сум гладен за медиумско внимание, меѓутоа, сега ценам дека е важен момент за земјата, за македонската иднина, истакна генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ во интервју за неделникот „Фокус“, пренесува СДСМ во еден од петте текста објавени за генсекот за 139 минути.
„Треба да се кажат отворено работите во овие клучни премрежија. Да се поразговара за дилемите, за перспективите, за опциите затоа што нема да се повторат наскоро. Инаку, јас сум човек од терен, така ме знаат сите. Сакам резултати. Поблиску ми е да сработам, отколку само да се сликам. Тука сум кога треба да разговараме за суштина, за дилеми и за решенија. Поборник сум на тоа повеќе да се сработи, помалку да се зборува“ заклучи Зечевиќ, стои во еден од петте текста за Зечевиќ кој не сакал да се слика и да се појавува во медиумите.
Дали Зечевиќ навистина не сака да се слика или некој во прес службата на СДСМ кој е дел од друга партиска фракција си игра мајтап со генералниот секретар е прашање на кое може да одговори споменатиот или неговата партија.






