Партија присвоила приватна донација за фалба пред избори, донаторот лут (ФОТО)

Во Јануари Благој М. од Виница израснат во Швајцарија прави донација на ФК Слога од #Виница.



Соблекувалната е негова донација за подобрување на условите за спортување на децата од Виница. Средствата се лично негови за кои и има и доказ.

Но СДСМ во Виница пред граѓаните пред локалните избори на 18 септември се пофалиле дека локалната самоуправа на партијата на Заев е заслужна за реновирање во фудбалската соблекувална.

Донаторот јавно реагира и бара да биде кажана вистината.