Партија од коалицијата на СДСМ го прифаќа ставот на ВМРО-ДПМНЕ за ,,Хрватски модел” на уставот

Партија од владеачката коалиција на СДСМ го прифаќа ставот на ВМРО-ДПМНЕ за ,,Хрватски модел” на уставот.



Лидерот на партијата Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов го прифаќа ставот и предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уставот да се менува според хрватскиот модел како што предходно предлагаа и СДСМ и ДУИ.

За Ангелов Македонците направија многу компромиси на патот кон ЕУ и време е и албанците во владата и во Македонија да направат еден компромис и да прифатат Македонија со сменетиот устав да се дефинира како национална држава на Македонците и сите други малцинства за да се продолжи кон членство во ЕУ.

Притоа Бугарите би требало да бидат едно од наведените малцинства со што ќе се прифати бугарското барање и Македонија ќе ги почне преговорите со Европската Унија.