Комисијата која ги избира членовите на новата Антикорупциска комисија од листата на кандидати го исфрлила новинарот истражувач на корупција Џелал Незири кој повеќе од една деценија се занимава со оваа проблематика.
Според партиската комисија каде главен збор имаат СДСМ и ДУИ Незири не е добар кандидат за членство во комисијата затоа што дипломирал филологија, занемарувајќи дека е магистер по комуникации и дека наскоро ќе докторира на политички науки.
Според Незири “Во Македонија широк политички консензус (едногласие) се постигнува само кога се носат одлуки, или се молчи за преседани, со кои се заштитуваат корумпираните политичари од светлината на правдата”.
“Јас како магистер по комуникации, докторанд на политички науки, новинар со 20 годишно искуство од кои 13 во истражувачкото новинарство од областа на корупција и организиран криминал, автор на безброј истражувања, уредник или координатор на повеќе истражувачки национални и меѓународни проекти од областа на борба против корупцијата и организираниот криминал…ЕДНОГЛАСНО (КОНСЕНЗУСУАЛНО) БЕВ ЕЛИМИНИРАН од понатамошната трка за член на ДКСК.
Причина било што додипломските студии ми биле од филолошкиот факултет, иако според високото образование јас сум комуниколог”.
Еден од условите за чкенство во ДКСК (Државна Комисија за спречување корупција) е десетгодишно искуство во областа на борба против корупцијата?
Незири на новиот состав на ДКСК му посакува успех, т.е. трансформација на оваа институција од “комисија за заштита” во “комисија за борба против корупцијата”.





