Со поддршка и од власта и од опозицијата вчера на Комисијата за политички систем помина Законот за финансирање на политичките партии.
Партиите со овој закон си овозможуваат да им се вратат назад парите кои им беа скратени со уредба со законска сила пролетва оваа година поради пандемијата.
Ова значи дека околу четири милиони евра ќе им бидат доделени на политичките партии.
Пред две години, на политичките партии им беше овозможено годишно да добиваат 4.5 милиони евра од буџетот, односно 0,15 отсто од средствата на јавната каса.






