Цената на топлинската енергија нема да не се менува и покрај барањето на БЕГ за поскапување, реши Регулаторна комисија која ги повика граѓаните кои се во можност да го користат овој енергенс како најекономичен.
„Сметките што ќе ги добиваат потрошувачите приклучени на БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Скопје Север практично ќе останат на исто ниво како и во изминатата грејна сезона…. Анализите укажуваат дека греењето на топлинска енергија преку централните системи за греење на трите компании во град Скопје останува најекономично и еколошки нај оправдано решение. Апелирам секое домаќинство што е приклучено на системите на топлинска енергија од трите компании на територијата на град Скопје да го користат овој енергенс“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.






