Ако се прифатат барањата на компаниите за топлинска енергија, парното може да поскапи за 54 отсто.
Во изјава за Телма , првиот човек на РКЕ вели дека за 10тина дена ќе се знае новата цена која ќе важи од 1ви август. Компаниите веќе ги доставиле пресметките до комисијата, две од трите фирми за парно на ЕСМ побарале зголемување. Пресметки доставиле и ЕСМ Енергетика и Скопје Север. ДДВ-то за топлинска енергија останува 5 отсто, и за сега нема најава дека ќе се менува.
Дистрибуција бара зголемување за 50 отсто, снабдување за 54, 2 проценти, а за производство, намалување за 29,42 проценти. Во постапка сме на разгледување, за 10 дена ќе знаеме што е како е, се аналзиираат нивните трошоци. Ако се прифатат барањата за 54 отсто би било зголемувањето на цената на парното, вели Марко Бислимовски , претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Извор: https://telma.com.mk/2023/07/15/54-poskapuvanje-na-parnotoako-se-prifatat-baranjata-na-kompaniite-regulatorna-analizira-cenata-kje-se-znae-za-10-dena/






