Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска упати апел до граѓаните да бидат спокојни, бидејќи топлинска енергија ќе има.
Компанијата БЕГ, која во јуни ја изгуби лиценцата за парно греење во Скопје, вчера соопшти дека нема ниту законска основа, а ниту пак финансиски средства да го прави тоа, иако сè уште нема избор на нов вршител на дејноста и издавање нова лиценца.
Битиќи рече дека е обезбеден и гас.
„ЕСМ и’„Адора’ влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Сè што е возможно ќе се направи. Ние велиме дека топлинска енергија за граѓаните секако ќе има и тие треба да бидат спокојни.
Да, обезбеден е и гас. Кој е изворот е најмалку важно, важно е да има гас“, рече Битиќи.
Тој апелираше граѓаните – како што рече – треба малку повеќе да веруваат. Како што во јануари обезбедивме топлинска енергија кога бевме оставени на цедило, така и сега топлинска енергија за граѓаните на Скопје ќе има. Независно дали е ЕСМ или БЕГ, граѓаните ќе добијат топлинска енергија. Бидејќи од однесување на приватниот партнер не сум задоволен, би сакал ЕСМ да го направи тоа“, рече вицепремиерот.







