Парламентарното мнозинство „падна“ на 60 пратеници

Од 62 пратеници кои се дел од парламентарното мнозинството, СДСМ, ДУИ и ДПА моментно може да сметаат на 60.



Имено, пратеникот Арбен Зибери е хоспитализиран на Инфективната клиника поради Ковид-19, а пратеничкото место на новата министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се’ уште не е пополнето, пишувапорталот 360 степени.

Мандатот на пратеничката која ќе влезе наместо Шахпаска ќе може да биде верификуван дури откако ќе биде избрана Комисијата за деловнички и мандато-имунитетски прашања, за што наскоро треба да се одржи нова собраниска седница, на која ќе се избираат и другите комисии.