Парлаку: „Засолнувањето на Авганистанците ги удвојува терористичките закани кон Албанија“

„Има многу Албанци, кои влегоа во редовите на терористичките фаланги главно во Сирија, покрај оние Албанци, кои се во улога на мисионери на мирот на Средниот Исток, бидејќи Албанија ги поддржа политиките на Обединетите Нации за подобрување на безбедносната состојба на Средниот Исток, придонесувајќи со воени трупи за одржување на мирот во Ирак и Авганистан. Албанија во секое време може да биде објект на терористички напади. Доаѓањето на Авганистанците ги зголеми двократно заканите од радикалните исламисти и друите терористички организации.“ – констатира Парлаку, политичко – безбедносен аналитичар од Албанија, во својата колумна под наслов „„Тероризам: не е веројатно да сме имуни ние, Албанците“, која ја објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“.

Поставувајќи го прашањето „Дали е Албанија цел на терористичките напади и зошто!?“, Парлаку вели: „Ако се имаат предвид идеологијата и стремежите на тероризмот, тероризмот и се заканува на Албанија не само во смисла на глобалната војна што ја водат терористите, туку и на директен начин. Како и секоја друга држава, Албанија не може да ја одбегне опасноста од удар, кој може да се случи во секое време. Причините за ударот од тероризмот врз нашата земја се различни.“

Тој дополнува: „Преку својата надворешна политика и својата национална стратегија за безбедност Албанија е ангажирана директно во борбата против глобалниот тероризам. Таа ги поддржа политиките на Обединетите Нации за подобрување на безбедносната состојба на Средниот Исток. Во овој контекст Албанија придонесе со воени трупи за одржување на мирот во Ирак и Авганистан.“

„Многу Албанци се дел од терористичките фаланги во Сирија“ – укажува Парлаку: „Стремежите на фундаменталистичкиот тероризам, како што е создавањето светска верска држава, како и борбата против Американците, Израелците и нивните поддржувачи, ја обележуваат Албанија како држава – цел на терористички удар. Покрај Албанците како мисионери на мирот на Средниот Исток, има многу Албанци, кои влегоа во редовите на терористичките фаланги главно во Сирија.“

Авторот натаму пишува: „Во Албанија се усвоени законски акти и подакти и се промовираат постојано мерки, кои имаат за цел да ја запрат активноста на радикалните елементи и на структурите што го поддржуваат тероризмот. Верскиот соживот меѓу Албанците, развојот на религиозните верувања на мирен начин, почитувајќи ја нивната вековна традиција и култура се факт неприфатлив за исламските радикали и нивните поддржувачи.“

„Денес Албанија е вклучена во многу расправи поврзувањето со засолнувањето на авганистанските државјани, кои ја оставија својата татковина во рацете на талибаните. Владините институции нагласија дека не се воопшто опасни Авганистанците донесени тука. Во Албанија денес има голема група муџахедини во Манза (кај Драч) и за нив постојат наводи дека служби од Иран ги вознемируваат постојано. Такви луѓе дури и се уапсени во Албанија. Доаѓањето на Авганистанците сега ги зголемува заканите двократно.“ – констатира Азем Парлаку во својата колумна, која ја објави „Бота сот“.

Извор: https://www.botasot.info/opinione/1657588/terrorizmi-ne-shqiptaret-nuk-kemi-gjase-te-jemi-imune/