Едномесечен „локдаун“ стапи во сила во Париз и други француски региони, во обид на властите да се справат со третиот бран пандемија.



Речиси секој трет од 67 милиони луѓе во Франција ќе биде погоден од новите рестрикции.

Во 16 административни региони, сите дуќани кои не се неопходни престануваат да работат, но книжарниците и продавниците за музички инструменти можат да продолжат да работат. Учениците можат да одат на училиште.

На луѓето им е дозволено да се движат, но само во радиус од 10 километри од местото на живеење.

Бројот на нови инфекции на 100.000 жители за една недела се искачи на 450 во поширокиот регион во Париз.