Во пресрет на вечерашнит натпревар Франција-Мароко во второто полуфинале на Светското првенство во Катар, центарот на Париз се подготвува за немири.



Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, најави дека градот ќе мобилизира 10.000 полицајци – половина од нив се посветени исклучиво на чување на Елисејските полиња, во она што неговото министерство ги нарече операции за контрола на толпата и спречување тероризам.

Мерки се спреземаат и во други градови низ земјата.

Драстичните мерки се очекувани по инцидентите што се случија по историската победа на Мароко против Португалија во осминафиналето на Светското првенство.

Министерот за внатрешни работи, за телевизијата „Франс 2“ изјави:

„Нашите марокански пријатели, како и француските навивачи, се добредојдени да организираат забава и не е наша работа да ги спречиме да слават. Сепак, тоа ќе мора да се направи максимално добро и со безбедносни услови“, истакна Дарманен.

Судири избија во Париз вечерта на 10 декември, откако Мароко победи против Португалија, а славењето на победата набрзо се претвори во насилство на улиците.

Хулиганите ги кршеа излозите на продавниците, принудувајќи ја полицијата да употреби солзавец.

Мароко е поранешна француска колонија во Африка и земјата е дом на голема мароканска дијаспора, главно концентрирана околу Париз и брегот на Медитеранот. Иако нема податоци за етничката припадност во Франција, бројот на Франко-Мароканци и Мароканци кои живеат во земјата се проценува на околу еден милион.