Париз контра САД и ЕУ за состојбите во Македонија: Колку пати Баумгартнер споменува корупција во последното интервју

Додека претставници на ЕУ и САД во земјава и од Вашингтон зборуваат за корупцијата како главен проблем на Македонија францускиот амбасадор во Скопје воопшто не ја споменува корупцијата во контекст на македонските проблеми.



Во интервју за провладиниот портал „Локално“ францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер од нејасни причини ниту еднаш не ја споменува корупцијата во Македонија.

Иако новинарот има конкретни прашања за корупцијата Баумгартнер во одговорот не го споменува зборот корупција иако во извештаите на сите релевантни меѓународни оеганизации и институции посочуваат дека тоа е рак рана на македонското општество.

Дали Баумгартнер не сака да ја споменува корупцијата затоа што не ја гледа или затоа што Париз се чувствува одговорно за прифаќање на Францускиот предлог од страна на владата на СДСМ, по што не сака да ја напаѓа и да прави штета пред изборите, е прашање на кое амбасадорот не дава одговор во интервјуто.

Целото интервју на Баумгартнер

Интервју со Бомгартнер: Францускиот предлог е најдобриот што може да се постигне, не е разумно да се мисли дека е можно да се дојде до друга таква формула

Фото: МО, средба на Баумгартнер со министерката Петровска