Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин утринава во Париз со својата британска колешка Суела Браверман, ќе потпишат договор со кој треба да се намали напливот на илегални мигранти во Британија преку Ла Манш, јави Ројтерс.
Околу 40.000 луѓе го поминале Каналот со мали чамци од почетокот на годината, во споредба со 28.526 во 2021 година.
Зголемениот проток на мигранти изврши притисок врз новиот британски премиер Риши Сунак да најде начин да се справи со проблемот.
Британскиот весник „Телеграф“ во саботата објави дека англо-францускиот договор значително ќе го зголеми бројот од 200 француски службеници и волонтери на плажите на Ла Манш, а Франција ќе има за цел да ги пресретнува мигрантите пред да ја напуштат земјата.
Париз, исто така, ќе се согласи за заеднички контролен центар со британските имиграциски службеници, а Лондон ќе плати околу 60 милиони фунти на Париз за да помогне во справувањето со проблемот.






