Изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив, велат од Министерството за труд и социјална политика коего демантира тврдењето дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и дека државата доцни со исплатите кон банките.
Можно ли е да стопира исплатата на пензиите? – Државата доцна го плаќа долгот во банките
Од МТСП апелираат да не се креираа страв кај пензионерите , а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои, од МТСП велат дека се политички обоени, пренесува Слободен печат.
„Трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на Ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите. Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија во сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата и 50 проценти пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 отсто“ велчат од Министерството.






