Извршителите минатата година направиле профит од речиси 3,4 милиони евра профит открија од Комората на извршители ексклузивно за порталот Пари,



Добивките на 99 извршителиколку што има во државава, се движеле од само 1.821 денари (најмалата) до дури 8.019.304 денари, или над 130.000 евра (најголема добивка).

За да стигнат до оваа добивка, извршителите во текот на 2021 година извршиле над 63.000 присилни наплати. Сумата којашто ја наплатиле во постапките изнесува 130 милиони евра.

Порталот „Пари“ ги открива добивките на ТОП 10 извршители кои направиле извршувања со најголема вредност и со тоа да остварат за себе најголем нето-приход (приход минус расходи минус пресметан данок од Годишна даночна пријава). Вкупните нивни добивки се над 1 милион евра.

Значи: 10 извршители направиле профит од 1 милион евра, а вкупниот профит на останатите 89 е 2,4 милиони евра.