Според податоците од НБРСМ, граѓаните се задолжени кај банките со речиси 3,7 милијарди евра. Најмногу врз база на земени потрошувачки кредити – 1,87 милијарди евра, објави порталот „Пари.мк“.



Преку 1,23 милијарди евра граѓаните должат за решавање на станбеното прашање. Нешто „поситно“ должат преку користењето кредитни картички- 336,1 милион евра, додека на трансакциските сметки се работи за сума од 225,7 милиони евра.

Во исто време, податоците покажуваат дека македонскиот банкарски сектор е стабилен и во услови на криза.

Само лани на нивното конто се слеале вкупно 287 милиони евра како нето-камати, а од нето-провизии и надоместоци заработката е 101,4 милиони евра, објавува порталот

Вкупната добивка на банките во државата е 157,3 милиони евра. Всушност, 2022 за нив била подобра од претходната за 8,5 милиони евра.