Бројот на лицата што активно бараат работа постојано расте, а за минатата година Државниот завод за статистика – ДЗС објави дека стапката на невработеноста била 16,4 отсто.



Истовремено, ДЗС посочи дека расте и просечната нето-плата, која во јануари достигна 28.272 денари.

Ваквите податоци се контрадикторни и истовремено создаваат револт кај граѓаните, кои потенцираат дека нивните плати се далеку под просечната плата, пишува порталот Факултети.мк.

„Просечната плата расте поради две причини, поради реалното зголемување на невработеноста, особено во нископлатените сектори.

Тие луѓе веќе не земаат плата, па нивните плати не го влечат статистичкиот просек надолу.

Второ, постојано се заборава дека приходите што капиталистите си ги исплаќаат како менаџерски плати, исто така, влегуваат во утврдувањето на просекот. Нивното зголемување е причината за порастот на просечната плата.

Во вакви услови, кога станува повеќе од очигледно дека просечната плата не дава реална слика за економските состојби, потребно е повеќе од кога било конечно да почне да се утврдува средната плата“, вели универзитетскиот професор Здравко Савески и дополнува дека во услови на криза средната плата многу пореално ќе ги прикажи трендовите отколку просечната.