Во Москва се одржува традиционалната парада, инаку најголемата воена парада во светот која се одржува по повод 9-ти Мај Денот на победата над фашизмот.



Повеќе од 12.000 војници, 191 единица воена копнена опрема, како и 76 авиони и хеликоптери учествуваат во парадата.

Со парадата командува Врховниот командант на копнената армија, генерал на армијата Олег Саyљуков, а присуствува и рускиот државен врв предводен од Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Денот на победата се слави и низ цела Европа, во спомен на жртвите и крајот на Втората светска војна, но и Денот на Европа поради почетокот на создавањето на заедницата на европските земји, пет години подоцна.

Европската служба за надворешно дејствување на Европската унија (ЕЕАС) на веб-страницата наведе дека поради ограничувачки мерки поради пандемијата на вирусот корона, нема да има церемонии во Брисел, но дека ќе има виртуелни настани.

Франција е една од ретките земји што ќе го одбележи Денот на победата со положување венец на споменикот на Непознатиот херој денес, со ограничено присуство на официјални лица и армијата.

Денот на победата ќе се слави и во Австралија, имајќи предвид дека околу 10.000 австралиски војници го загубија животот во битките со нацистичките сили.