На плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан денес во 18 часот, папата Франциско ја одржа вонредната молитва – Urbi et оrbi – за крај на пандемијата на коронавирусот a на верниците им даде целосна прошка.
Во нормални околности, плоштадот „Свети Петар“ ќе беше полн со луѓе да ја слушаат пораката на папата, но денес немаше.
Плоштадот е осветлен со сина светлина, малку врне и Папата е сосема сам.
Папата го повика целиот свет да се обедини во молитвата и на тој начин да одговори на пандемијата.




