Папата ќе се обрати на 50.000 луѓе на „Филип Втори“

Меѓу 40 и 50 илјади луѓе се очекува да присуствуваат на мисата што е предвидено да га одржи папарта Франциско на стадионот „Филип Втори во Скопје за време на 11 часовната посета за Скопје на 7 мај.



„Тој ќе одржи молитва на стадионот во Скопје, каде што очекуваме да бидат присутни 40-50 илјади луѓе. Потоа ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза, каде што на врвот има црква, и ќе одржи молитва“, изјави Ариан Аслани, директор на спомен куќата „Мајка Тереза“.

Ова е прва посета на поглавар на Римокатоличката црква на Македонија.