Папата Франциско денеска ги обвини Европа и САД дека продаваата оружје во воените зони во Сиријаи поттикнуваат конфликти со многу жртви во таа земја, како и во Јемен и во Авганистан.
Папата изјави дека причината за толку многу војни во светот е дека „богаите Европа и Америка продаваат оружје што се користи за убивање деца и луѓе“, објави АП.
Тој смета дека без оружје земјите како Сирија, Јемен и Авганистан нема да бидат во војна.
Земјата што произведува и продава оружје на својата совест ја има смртта на секое дете и уништувањето на секое семејство, вели Папата Франциско.




