Ватикан соопшти дека папата Франциско (86) бил примен во болница во Рим на однапред закажани медицински прегледи, без да даде дополнителни детали.
„Светиот Отец од попладнево е во болницата Гемели на некои однапред планирани прегледи“, напиша во соопштението портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.
Неколку часа подоцна, Ватикан објави дека на папата Франциско му била дијагностицирана респираторна инфекција и дека ќе му треба „неколку дена соодветно болничко лекување“.
Папата, кој претходно овој месец одбележа 10 години како поглавар на Католичката црква, претходно се појави расположен на својата неделна аудиенција во Ватикан, насмеан додека ги поздравуваше верниците од својот „попамобил“.
Папата Франциско страда од хронична болка во коленото, која во последните месеци го принуди да се потпре на инвалидска количка, пренесе Франс прес.






