Претседателот на Венецуела Николас Мадуро испратил писмо до папата Франциско, со кое од него бара помош и посредување во врска со кризта на Венецуела.
„Му испратив писмо на папата Францсиско. Му реков дека во служба на Христос и во тој дух, го замолив за помош во процесот на олеснување и јакнење на дијалогот“, рече Мадуро, додавајќи дека побарал од Франциско да вложи најголеми напори и да помогне на патот кон дијалогот.
Папата рече дека примил писмо од Мадуро, но сѐ уште не го прочитал.
„Ќе видам што може да направиме кога ќе го прочитам писмото“, изјави папата Франциско кој рече дека има желба но дека за евентуалното посредување на Ватикан во Венецуела треба одобрување од двете страни.





