Папата нема да присуствува на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, објави Ватикан.
Во соопштението објавено во петокот, се вели дека Ватикан на погребот во понеделник ќе испрати висок црковен претставник.
„Пресветениот Пол Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации, ќе го претставува папата Франциско на погребот на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора“, соопшти Ватикан.
Папата негира дека ќе се повлчече од Светата столица
На почетокот на оваа недела, папата Франциско испрати порака со сочувство до новиот шеф на британската држава, кралот Чарлс Трети.
„Длабоко тажен што дознав за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора, изразувам искрено сочувство до вашето височество, членовите на кралското семејство, народот на Обединетото Кралство и Комонвелтот“, порача Папата Франциско. Индепендент






